За играта

Учиме емоции e eдукативна игра наменета за деца со потешкотии во социјалната интеракција и комуникацијата, пред се деца со нарушување од аутистичен спектар, но и други слични нарушувања.

Taa има за цел да им помогне на корисниците да научат да ги препознаваат и разликуваат основните човекови емоции и нивните соодветни лицеви изрази, како основа за развој на социо-комуникациските вештини.

Учиме емоции им овозможува на децата кои имаат потешкотии во „читање“ на емоциите од лице систематизирана и контролирана средина за учење на надворешните знаци за препознавање на основните емоционалните состојби (среќа, тага, лутина, страв).

Придобивки

Со континуирано користење на играта кај децата ги очекуваме следниве развојни придобивки:

  1. Развивање на способноста за препознавање на емоции од лицето.
  2. Формирање на генерализирана претстава за емоциите преку шематски цртежи (емотикони).
  3. Развивање на способноста за предвидување на емоциите во однос на ситуација или контекст.
  4. Развој на визуелно-перцептивните способности, особено зголемено фокусирање на вниманието на лицето, и тоа делот околу устата и очите, како носители на социјално важни информации.

Протокол

Протоколот предвидува користење на играта минимум 720 минути, со препорачано секојдневно користење на играта од околу 20тина минути, во период од 4-6 недели.

Обезбедивме таблет како награда за најмотивираниот корисник кој најбрзо ќе ги исполни предвидените 720 минути. (Кој веќе е доделен.)

Бидејќи оваа интервенција е во домашни услови, каде што детето се чувствува најсигурно и најопуштено, Вашата улога како родители се состои во помош околу одржување на вниманието и мотивацијата на детето за да остане фокусирано на играта. Овде помагаат позитивни поттикнувања, пофалби и секако награди како мотивација кои можат да бидат храна, омилени играчки, активности, или било што, што за вашето дете претставува задоволство и ќе го поттикне повторно да игра.